Граѓански организации

ig

Здружение Иницијативен глас – Прилеп

Профил на организацијата: Унапредување на човекови права, Иницијатива и едукација за зголемување на степенот на демократија , зголемување на политичка култура како и зголемување на меѓуетничка толеранција.

Веб страна: https://inicijativenglas.wordpress.com

E-mail: inicijativenglas@yahoo.com

Контакт лице: Александар Гавриловски

Здружение за економско-политички истражувања и анализи КВАНТУМ ПРИМА Кавадарци

Профил на организацијата: КВАНТУМ ПРИМА е здружение на граѓани формирано на 20.05.2014 во Кавадарци. Нашата првична цел и идеја е да го промовираме научно-истражувачкиот пристап во истражувањето на општествените феномени и процеси, и да влијаеме кон обликување и креирање на јавните политики во земјата. Затоа фокусот на нашата работа е ставен врз испитувањето на јавното мислење, како и користењето на нови модели, софтвери и технологии.  Нашата примарна мисија е, преку промоција на научно-истражувачкиот пристап да ги поттикнеме младинскиот активизам и вклученост на младите во општествените текови, како и содзавање свесни, одговорни и креативни млади луѓе кои ќе ги знаат своите права, но и своите одговорности кон општеството;

Веб страна: www.kvantum.org

E-mail: gelevski.blagoj@gmail.com

Контакт лице: Благој Ѓелевски

 

isie

Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ

Профил на организацијата: ИСИЕ е граѓанска организација на млади истражувачи, посветени на вредностите на слободата, демократијата и пазарната економија, формирана со мисија за истражување и нудење на решенија за стратешките проблеми во Република Македонија и регионот, особено во областа на образованието и науката, како и едукација на населението за овие проблеми и за можностите за нивно решавање.ИСИЕ се залага за промоција на европските вредности и најдобрите практики во образованието и науката во општеството, унапредување на образовниот процес, слушање и почитување на гласот на учениците, студентите и научниците, како и подобрување на нивната положба во општеството.Нашата мисија ја остваруваме преку истражување на клучните предизвици во општеството, понуда на конкретни решенија за подобрување на образованието и науката во земјата и регионот, континуирано образование и обука на младите, како и активно лобирање за унапредување на овие сегменти во општеството. Нашата визија е да бидеме една од водечките истражувачки организации во Македонија која нуди издржани анализи и совети за клучните предизвици и влијае на јавните политики во земјата и регионот, особено во областа на науката и образованието во функција на создавање на општество базирано на знаење. Знаењето доаѓа преку акција!

Веб страна: www.isie.org.mk

E-mail: isie@mail.org

Контакт лице: Мишо Докмановиќ

 

zip

ЗИП Институт

Профил на организацијата: Основан е во 2011 година, ЗИП Институтот е независна, непартиска, јавна организација насочена кон производство и дисеминација на високо-квалитетни, објективни и сеопфатни идеи и анализи од централно значење за демократизација и интеграција на Македонија во ЕУ. ЗИП Институтот дава глас на процесот на демократизација во земјата и во регионот на Југоисточна Европа како целина, и ја посочува неговата важност во справувањето со најчестите прашања со кои се соочува нашето општество со теренски активности, вклучувајќки особено активности за обука и развој на заедницата. Главниот фокус на ЗИП Институт лежи во поврзување на истражување и анализа на прашања од локално значење со теренски активности: неговата активност е комбинација на обезбедување на докази врз основа на истражување на политики со транс-формативна теренска акција. ЗИП  се специјализира во две клучни области на интервенција: воведување на нови начини на неформално образование пред сѐ меѓу младите; и јавната администрација и истражување на локална самоуправа.

Веб страна: www.zipinstitute.mk

E-mail: info@zipinstitute.mk

Контакт лице: Агим Селами

 

akva

Здружение за развој и активизам АКВА – Струга

Профил на организацијата: Мисија на Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга е да придонесе кон локалниот развој, локалната демократија и граѓанскиот активизам во регионот на Струга, Охрид и Вевчани. Визија: Изгадена и развиена локална средина со активни граѓани во која владеат демократски принципи и стандарди на владеење кои го унапредуваат индивидуалниот и колективен развој. Цели: Зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во локалниот развој и областите добро владеење и донесување одлуки; Поддршка и јакнење на младинскиот активизам во локалната заедница и Намалување и контролирање на влијанието на човекот врз животната средина. Тргнувајќи од заклучокот дека во Р. Македонија треба да се изврши влијание на ниво на локални заедници и да се поттикне граѓанскиот активизам со цел да се помогне во легитимизирање на интеграцијата и на процесот на реформи, преку зголемување на степенот на владеење на правото и намалување на корупцијата, меѓуетничка толеранција и соработка особено кај младите граѓани, почитувањето на животната средина како најважни услови за нашето внатрешно и надворешно (ЕУ) интегрирање, здружението „Аква“ од Струга ги спроведува следните програми/области:

  1. Добро владеење (осумте карактеристики на доброто владеење: владеење на правото, одговорност, ефикасност и ефективност, непристрастност, партиципативност, транспарентност, одлуки во интерес на граѓаните, консензус насочени одлуки владеење на првото и борба против корупција)
  2. Млади и соживот- инцијативи за младинска независност, влијание и соживот
  3. Животна средина, против еколошки пустош за економски раскош

Веб страна: Н/А

E-mail: zdruzeniaakva@yahoo.com

Контакт лице: Димитар Голабоски

 

pactis

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС – Прилеп

Профил на организацијата: Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС, има мисија да биде лидер во креирањето стратегии со кои ќе се поттикни решавањето на моменталните и идните општествени и социјални проблеми, на локално, регионално и државно ниво. Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС, своето постоење го базира врз визијата за мир, развој и просперитет на сите граѓаните подеднакво, унапредување на демократските процеси, доследна примена на уставот и законите за сите граѓани, заштита на универзалните човекови права, вклученост на граѓаните во носењето закони, одлуки и регулативи, долгорочен и одржлив социо-економски развој, граѓанско општество отворено за идеи, културни различности и меѓуетнички дијалог, како и поддршка на регионалните и европските интегративни процеси.

Веб страна: www.pactismk.com

E-mail: csd.pactis@gmail.com

Контакт лице: Влатко Сливоски

 

rcor

Регионален центар за одржлив развој – Кратово

Профил на организацијата: Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ (РЦОР) е непрофитна организација со седиште во Кратово. Во своето делување освен Кратово ги опфаќа општините: Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Пробиштип, во матичниот регион, и општините Куманово, Кочани и Делчево, во поширокиот регион на делување. Мисија: Мобилизација и одржливо искористување на сите расположиви ресурси во локалните заедници, за поголем придонес кон социо-економски развој и интеграција на регионот, пред се во сопствени рамки, а со тоа и полесна и побрза интеграција на Македонија во рамки на евро-атлантските асоцијации. Визија: Развиен, стабилен и независен цивилен и економски сектор, кој во соработка со јавните институции и бизнис секторот, непречено ќе делува кон подобрување на условите за живот во локалната заедница, подобрување на социо-економската состојба, намалување на процентот на невработени, подобрување на популационата политика и создавање на услови за сеопшт локален развој. Активности: Ефективен и стабилен развој на регионот, во кој дејствуваат ефикасни институции и транспарентна власт, а локалните заедници преку одржливо искористување на соспствените ресурси да креираат можност за развој во духот на хармонија, меѓусебен соживот, толеранција и разбирање; Привлекување на странски капитал и инвестиции, подобрување на социо-економската состојба на населението, намалување на процентот на невработеност и креирање на професионална, ефикасна и транспарентна власт и локални институции; Создавање на локални заедници во кои на секого ќе му се пружи можност за изразување на сопствената креативност и потенцијал, заедници кои ќе претставуваат привлечно место за живеење, работење и инвестирање, се целосна искористеност на потенцијалите, ставени во функција на социо-економски раст и развој; Преку различни коалиции и видови на активности со други организации, се стремиме кон давање на поддршка и придонес кон сите прогресивни и демократски методи на дејствување во различни сфери на општественото живеење. Во исто време ја развиваме соработката помеѓу граѓаните и власта, ја продлабочуваме воспоставената соработка меѓу заинтересираните страни во ефективни партнерства и создаваме услови за целосна граѓанска партиципативност во креирањето локални политики.

Веб страна: www.regionalencentar.org.mk

E-mail: regionalencentar@gmail.com

Контакт лице: Јасмина Давитковска

 

2

Фондација за развој на локалната заедница – Штип

Профил на организацијата: Фондацијата за развој на локалната заедница- Штип е формирана во декември 2006 година како правен наследник на Центарот за поддршка на НВО – Штип. Мисија: Ефективно учество на граѓаните во креирање јавни политики и нивна доследна имплементација.Визија: ФРЛЗ е водечка организација, тимски ориентирана со зајакнати човечки капацитети, финансиски стабилна, национално препознатлива и етаблирана како значаен партнер на меѓународни проекти. Стратешки цели: Засилена демократизација на Република Македонија и развој и консолидација на граѓанското општество; Зајакнато учество на младите луѓе во општеството; Подобрен локален економски развој; Подобрување на локалните политики и засилување на децентрализацијата, преку активно учество на граѓаните.

Веб страна: www.frlz.org.mk

E-mail: info@frlz.org.mk

Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова

 

egri

Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ – Крива Паланка

Профил на организаијата: ЕГРИ е формиран во 2000 година од страна на петнаесетина млади ентузијасти, со цел подобрување на квалитетот на живеење на локалната заедница. Визија: Крива Паланка, пристојно место за живеење, со квалитетен и високо организиран живот на локалната заедница во европски интегрирана Македонија. Мисија: Имплементација на мерки и активности за подобар и поквалитетен живот на локалната заедниа и Европеизација на регионот и државата. Цели и задачи на Здружението: Поддршка, иницирање и имплементација на активности и проекти од сферата на економскиот развој, со цел подобрување на условите за живеење на локалната заедница; Иницирање, поддршка и имплементација на проекти поврзани со регионалната, прекуграничната и транснационалната соработка, со цел поддршка на државата во процесот на евро-интеграции; Поттикнување на претприемачки дух на заедницата; Унапредување на цивилниот сектор преку едукација на човекови вредности, со цел подобрување на условите за живеење на локалната заедница; Заштита на човековата средина, подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија преку спорведување на активности и проекти од овие области; Активно вклучување на младите во процесот на демократизација на општеството и залагање за унапредување на нивните права; Иницирање, поддршка и имплементација на проекти од областа на спортот, културата и образованието.

Веб страна: www.egri.mk

E-mail: contact@egri.mk

Контакт лице: Јорданчо Миневски

 

Untitled

Институт за динамичен развој Сфера Нова

Профил на организацијата: Институтот за динамичен развој Сфера-Нова е предводник  во иницијативите за развој на демократијата, унапредување на живеењето и одржливиот развој во Република Македонија, како основа за нејзината интеграција во Европската Унија. Неговите основачи, членови и активисти со голем ентузијазам, стручност и посветеност се залагаат за остварувањето на мисијата и целите на Институтот и активно соработуваат со сите релевантни чинители на развојот на Република Македонија. Активности на институтот: Мониторинг и анализа на   активностите на ЕУ, како и на другите меѓународни институции и развојни организации; Организирање и учество на настани, презентации, семинари, обуки,дебати и трибини; Обука, советувања и консултации на целните групи  и други заинтересирани странки; Спроведување проекти во областа на соци-економскиот развој, културата и образованието; Издавање на печатени и електронски публикации; Соработка и имплементација на заеднички проекти со домашни и странски институциии и организации кои имаат исти или слични цели и задачи.

Веб страба: Н/А

Е-mail: sferanova11@gmail.com

Контакт лице: Розалија Василевска

 

лого АМ

Ајде Македонија! – Let’s Do It Macedonia!

Профил на организација: Ајде Македонија, или Let’s Do It Macedonia, претставува платформа која зад себе обединува голем број на организации со цел подобрување со управувањето со отпадот во Македонија. Асоцијацијата е инспирирана од  масовното движење „Let’s Do It! World“ кое започнува во Естонија. Во Македонија за прв пат ја реализираше глобалната акција на “Lets do it world” на 6-ти октомври 2012 година која традиционално продолжува да се спроведува секоја година. Карактеристично е што во секоја наредна акција, се повеќе се ангажираат општините, училиштата низ целата територија на државата и се подига свеста кај целиот граѓански сектор. Нашата цел е да ја исчистиме цела Македонија од нелегално фрлениот отпад и да ја чуваме Македонија чиста.

Веб страна: www.ajdemakedonija.mk

E-mail: kontakt@ajdemakedonija.mk

Контакт лице: Блаже Јосифовски

МКлогоИмпакт-01 (3)_Easy-Resize.com (1)

Импакт – Институт за истражување

Профил на организацијата: Импакт – Институт за истражување е здружение на граѓан(к)и основано во 2014 година во Скопје од страна на група истражувач(к)и. Импакт се фокусира на истражување, имплементација и промоција на проекти за унапредување на демократското управување, намалување на нееднаквоста во општеството и подобрување на истражувачките капацитети во областа на општествените науки. Импакт своите програмски цели и задачи ги остварува самостојно или во соработка со истражувач(к)и, активист(к)и и други здруженија, институции и поединци. Притоа, основни принципи во работата на организацијата се непристрасност, интегритет, рефлексивност, транспарентност, отчетност, инклузивност и солидарност во дејствувањето. Наша целна група се граѓан(к)ите, без разлика на нивната припадност и определeност, други граѓански организации, медиуми и институции на локално, регионално и национално ниво.

Веб страна: www.impact.org.mk
Контакт лице: Олимипија Христова Заевска