Finance Think е Институт за економски истражувања и политики.
Наша Визија
Да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре.
Нашата Мисија
Да ја намалиме сиромаштијата, да ги зајакнеме макро-финансиските политики и да ја унапредиме финансиската стабилност преку економски истражувања, советување и препораки за економските политики и поттикнување критичка дебата за економските процеси.
Програмски области
- Развојна економија: сиромаштија, социјална, доходна, родова, возрасна и етничка нееднаквост, невработеност, пристап до образование и здравствени услуги, регулаторно окружување, структурни реформи, и друго;
- Макро-финансии: економски раст, инвестиции, монетарна, фискална, надворешно-трговска и девизна политика и друго;
- Финансиски систем: развиеност на банкарскиот, осигурителниот, пензискиот и другите финансиски под-системи, оценка на ризиците и отпорноста на шокови на финансискиот систем, регионална и глобална финансиска интеграција и друго;