За проектот

logo fiscast

Мотив

ФИСКАСТ е мрежа на граѓански организации, економски експерти и новинари која има за цел да придонесе за потранспарентни, отчетни, одржливи, ефективни и ефикасни политики за трошење на јавните средства. Оваа цел ќе биде остварена преку економски истражувања, застапување за јавни политики, како и подобрено учество на засегнатите страни во буџетирањето и мониторирање на трошењето на јавните средства.
Мисија и визија
Мисија: Да ја зголемеме јавната свест за трошењето на јавните пари.
Визија: Да го подобриме трошењето на јавните пари, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и учество на засегнатите страни во процесот на буџетирање и мониторирање на трошењето на јавните пари.
Програмски области
Мрежата ФИСКАСТ делува во следните програмски области:
– Фискална транспарентност
– Фискална одржливост
– Ефикасност на трошењето на јавните средства
– Партиципативно буџетирање
– Јавен долг
Принципи и вредности на мрежата
Мрежата ФИСКАСТ се раководи според следните принципи и вредности:
– Почит: членовите на мрежата ги почитуваат улогите и перспективите на сите членови.
– Транспарентност: членовите на мрежата се јасни и отворени за целта и обемот на нивно вклучување во активностите на мрежата.
– Одговорност: членовите на мрежата активно одговараат на барањата од другите членови вклучени во мрежата.
– Квалитет: истражувањата на членовите на мрежата се со висок квалитет, без знаци на плагијаризам.
– Кредибилитет и позитивен јавен имиџ: сите членови на мрежата уживаат доверба во јавноста, медиумите и носителите на политики.

Цел

  1. Да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики;
  2. Да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.

Реализирани активности:

  • Иницијален состанок за формирање на јадрото на FISCAST-NET (Скопје, 28 октомври 2015) – Галерија – Банер
  • FISCAST-NET работилница 1: Идентификување политики за анализа (Крушево, 20 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 2: Алатки за кост-бенефит анализа (Крушево, 21-22 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 3: Кост-бенефит анализа за економски новинари (Скопје, 30 ноември 2015) – Галерија
  • Повик за апликации за спроведување кост-бенефит анализа –Повик – Пријава – Избрани организации
  • FISCAST-NET Мидтерм средба (Крушево, 22-24 Јануари 2016) – Галерии1 2 3
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Поттикнување на вработувањето или социјална помош?“ – Покана и агендаГалерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Колку се инвестира во животната средина?” – Покана и агенда – Галерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Образование, инфраструктура, СДИ”  (22 Март 2016)– Покана и агенда – Галерија
  • Економски форум: „Како се трошат народните пари? Креирање политики базирани на докази„ (29 Март 2016) – Галерија
  • Тркалезна маса „Петки во дневник – Единици на ПИСА“ (07.09.2017) – Галерија
  • Прес конференција: „Гарантиран минимален доход“ (09.11.2017) – Галерија
  • ФИСКАСТ+: Работилница за стратегија за комуникација (16.11.2017) – Галерија
  • Прес конференција- Државни пензии: Итни рефроми за спас на ПИОМ (09.02.2018) – Галерија
  • Економски форум – Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики (29.03.2018) – Галерија
  • FISCAST – Мрежа: Годишна средба (04.05.2019) – Галерија
  • FISCAST – Мрежа: Train the trainers (04.05.2019) – Галерија
  • Информативни корнери “Мои пари, моја одговорност” (20.03.2019) – Галерија
  • Јавно предавање во Куманово: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (28.05.2019) – Галерија
  • Јавно предавање во Крушево: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (03.06.2019) – Галерија
  • Јавно предавање во Неготино: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (18.06.2019) – Галерија
  • Ѓорче Петров – Town Hall Meeting  (12.12.2019) – Галерија
  • Волково – Town Hall Meeting  (13.12.2019) – Галерија
  • Кривогаштани – Town Hall Meeting (16.12.2019) – Галерија
  • Крушево – Town Hall Meeting (27.11.2019) – Галерија
  • Росоман – Town Hall Meeting (25.11.2019) – Галерија
  • Кавадарци – Town Hall Meeting (20.11.2019) – Галерија
  • Крива Паланка – Town Hall Meeting (18.11.2019) – Галерија
  • Town Hall Meeting Прилеп и средби со месни заедници (18.12.2019) – Галерија
  • Старо Нагоричане Town Hall meeting (25.12.2019) – Галерија
  • Неформална средба со градоначалници (20.09.2019) – Галерија
  • Регионален форум- Општините и граѓаните: Заедно до подобар буџет (29.10.2019) – Галерија